Свет

Апокалиптични сцени по уништувањето на браната Каховка

Вашинктон и Москва со меѓусебни обвинувања за уништувањето на браната, Шојгу изјави: Киев уништи дел од хидроцентралата Каховка за да ја спречи руската офанзива додека пак разузнавачи информации на САД "посочуваат" на Русија како виновник за уривањето на браната во јужна Украина.Поради уништувањето на хидроцентралата Каховка на југот на Украина, местата низводно, а меѓу нив и градот Херсон се поплавени од надојдените води на реката Дњепар.

„Уништени се 16 прeградни порти, зградата на хидроцентралата и браната помеѓу зграда на централата и преградата. Електраната не може да се обнови“, изјави за ДВ, Ихор Сирота, директор на акционерското друштво Укрхидроенерго, кое е сопственик на хидроцентралата.

Руската страна тврди дека електраната била делумно уништена од украинското гранатирање, Украинската влада не демантира.Поради уништувањето на браната, на најмалку 80 места им се заканува опасност од поплави.

„Спроведуваме евакуација на жителите од поплавените подрачја. Во моментов се евакуира населбата Острив во градот Херсон“, напиша премиерот Денис Шмихал на „Телеграм“. Според него, организирани се специјални возови за евакуација кон Миколајив.

Според податоците на службите за цивилната заштита, вчера (6 јуни, 2023) до 16 часот по локално време, спасувачките екипи, полицијата и доброволците евакуирале околу 1.300 луѓе. Ситуацијата не е критична на десниот брег на Дњепар во Херсонската област, која е под контрола на украинските вооружени сили, бидејќи областите лежат повисоко отколку на оние на левиот брег на реката.

Првите сателитски снимки од разнесената брана
Првите сателитски снимки од разнесената бранаФотографија: Planet Labs PBC/AP/picture alliance

 

Експертите стравуваат од недостиг на вода за пиење

Според прелиминарните прогнози на компанијата Укрхидроенерго, водата од акумулациското езеро целосно ќе истече во реката Дњепар во наредните четири дена. Волуменот на акумулацијата е околу 18 милијарди кубни метри вода. Според експертите, тоа ќе има катастрофални последици за регионот.

„Вештачкото езеро Каховка ќе се испразни многу брзо. Резултатот ќе биде голо дно со кал и стотици уништени растенија и мртви животни. Тоа исто така ќе доведе до недостаток на вода за пиење и суша на целиот југ на Украина, кој се снабдуваше со вода од езерото“, изјави за ДВ Руслан Хавриљук, раководител на Националниот еколошки центар на Украина.

Бегаат од поплави: Жителите на Херсон се евакуираат во други области на железничката станица во градот

Покрај тоа, според него како претставник на приватната компанија која стопанисува со електраната, поради поплавата ќе исчезнат уникатниот екосистем на поплавните рамнини на Дњепар како и островите во долниот тек на реката. Опасно е и моторното масло кое истекува од блоковите на хидроцентралата.

„Во турбините и трансформаторите на централата Каховка има складирано 450 тони лубриканти. Не знаеме точно колкаво количество масло се излило, но претпоставуваме дека е повеќе од 150 тони.  Поради големите поплави тоа ќе биде пренесено долж реката и ќе заврши во Црното Море“, вели Ихор Сирота од приватната фирма Укрхидроенерго.

 

 

Тагови

Поврзани вести