Свет

АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ НА ФИЛИПИНИТЕ: Тајфун уништи сè пред себе

Бројот на жртви од тајфунот „Гони“, најсилниот оваа година, кој ги погоди Филипините, се зголемил на 16, соопштила агенцијата за катастрофи.

Тајфунот донел силни ветрови, дождови и поплави кои однеле најмалку 10 животи во провинцијата Алабај, наведува Ројтерс.

Шест лица починале во Кантадуанес. Три лица се водат како исчезнати во провинцијата јужно од главниот остров Лузон.

Гони, 18-от тајфун кој оваа година ги погоди Филипините, срушил околу 80 отсто од куќите во неколку градови во Кантадуанес, а провинцијата во која живеат околу 275.000 луѓе, практично е ‘отсечена’.

Повеќе од 300 куќи се затрупани под камењата и магмата од вулканот Мајон.

Гони е најсилниот тајфун кој се појавил оваа година во светот.

„Ројтерс“ ги пренесува проценките на очевидците кои наведуваат дека тајфунот уништил сè пред себе.

Подрачјата погодени од тајфунот ќе ги посети претседателот Родриго Дутерте. Неговиот портпарол рекол дека бројот на жртви на тајфунот е намален, бидејќи луѓето навреме биле евакуирани.

Тагови

Поврзани вести