Македонија
Апел да не се прават залихи од храна
Владата вчера уште еднаш апелираше, граѓаните да бидат смирени и да не стравуваат – прехранбени производи има, стоковните резерви се на задоволително ниво, а ценовен шок не се очекува.
Состојбата се следи и доколку се процени дека е потребно, државата ќе интервенира. Како што информира Владата, се преземаат сите мерки за да се зачува стандардот. Според најавите од Централната банка, пак, девизниот курс на денарот е стабилен и таков ќе остане.
Уште еднаш се покажа дека граѓаните не и веруваат на оваа власт и не само тоа, во последните години по најавите и смирувањата од власта секогаш без исклучок се случувале спротивни дејства и без исклучок после секое ветување се случува обратното
„Земјава има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните да бидат смирени. Не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи. Моментно нема потреба да се стават во функција стоковните резерви, имајќи предвид дека производителите на основните производи имаат залихи за период од над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви. Продолжуваме со снабдување на државните резерви, како што е предвидено во годишната програма, а ги разгледуваме и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто“, велат од Владата, но дали ја говорат вистината и што се подразбира под “задоволителни” се прашуваат граѓаните
Вчерашното признание дека оваа власт не ги наполнила резервите иако имала информации дека ќе се случи конфликт кои ќе доведе до криза е уште еден сигнал за македонците дополнително да ги зголемат залихите на храна во своите домови.
Лажните уверувања и убедувања како и спротивното работење на оваа власт од интересите на Македонија создадоа клима на потполна недоверба кон државата и институциите.