Свет

Анкета: Повеќе од половина од Украинците сакаат мир, макар изгубиле и дел од територијата

Иако сè уште е далеку, може да се предвиди внатрешен политички судир во Украина токму околу прашањето на продолжување на војната. Украина ќе мора да избере – примирје или продолжување на војната со неизвесен крај.

Наталожените проблеми кај голем дел од граѓаните на Украина доведуваат до став дека им е потребен одмор, дека им е потребен мир, макар и примирје. Според достапните истражувања на компанијата Gallus, 52% од испитаниците во Украина сакаат мир по цена Украина да остане без дел од својата територија. Сè почесто се слушаат вакви гласови од деловите на Украина кои се најмногу погодени од војната – истокот и југот.

Сè почесто се смета дека, освен што граѓаните на Украина мораат да се бранат од непријателската руска армија, мораат да се бранат и од „непријателската власт“ (ЗЕЛЕНСКИ), која ги „бусифицира“ (МОБИЛИЗИРА НАСИЛА), ги уценува или пука во нив. Сепак, тешко е да се процени за колкав процент на луѓе станува збор. Од друга страна, голем дел од Украинците кои живеат во централна Украина и на запад сметаат дека војната треба да продолжи сè додека Украина не го ослободи целата своја територија. Ист став имаат и многу Украинци кои сега се во Европа.

Тука треба да се спомене дека законот за мобилизација често не важи. Мобилизираат кого ќе стигнат. Честопати се случува да мобилизираат луѓе кои според ниту еден закон не припаѓаат во категоријата на оние што подлежат на мобилизација – оние кои се над или под возрасната граница, кои имаат сериозни здравствени ограничувања, па дури и оние кои веќе биле ранети во војната.

Исто така, корупцијата и тука игра значајна улога. Оној што може да најде неколку илјади долари, успешно ја избегнува мобилизацијата – барем до следниот круг. Бегството од земјата, исто така, е отежнато. На границата со Романија, во неколку наврати украинската гранична служба отвори оган врз украински граѓани кои се обидуваа да избегаат од земјата. На крајот беа фатени и мобилизирани. Може да се претпостави каква е мотивираноста на таквиот војник и неговата употребливост во битките. Сепак, како што веќе споменавме, оној кој има доволно пари може да побегне од земјата, што и се случуваше, особено во првите месеци на војната.

Сè почесто се појавуваат снимки на кои се гледа како регрутациските служби, како ловци, собираат и приведуваат луѓе на улиците. Оваа појава е толку честа што во Украина се користи терминот „бусификација“ – изведен од зборот (авто) бус, со кој службениците доаѓаат и потоа насилно ги приведуваат луѓето. Парадоксално, вакви сцени на „бусификација“ беа видливи токму на руската страна на почетокот на војната. Украинците честопати потсмешливо гледаа на руските регрутациски служби токму поради овој начин на мобилизација. Три години подоцна, истите сцени се случуваат и на спротивната страна

Внатрешен судир

Односот кон внатрешните бегалци е посебно прашање – оние што доаѓаат од истокот на земјата на запад, каде што им се наплаќаат сместување и сите други трошоци, додека сопствениците на недвижности добиваат статуси на бегалци во Полска, Словачка итн. Не може да се каже дека ова е правило, но има многу такви случаи. Голем дел од Украинците кои се во Европа немаат увид во реалноста – слободни се и нивните семејства се на безбедно. Многумина, како што е споменато, имаат и корист од оваа војна – можат да живеат надвор од земјата под заштита и со одредени бенефиции.

Во тој контекст, Украина повторно е поделена на два дела. Едниот кој смета дека војната мора да продолжи сè додека украинската армија не ги достигне границите од 1991 година, што е сосема легитимно и правно оправдано. И другиот, кој заради мирот би платил цена во облик на територија. Јасно е кон која струја тежнее украинскиот претседател, но клучното прашање е дали ја има поддршката на народот. Најверојатно ја има, особено поради тоа што оваа власт вешто ја ограничува работата на опозицијата.

Иако сè уште е далеку, може да се предвиди внатрешен политички судир во Украина токму околу прашањето на продолжување на војната. Украина ќе мора да избере – примирје или продолжување на војната со неизвесен крај.

Тагови

Поврзани вести