Македонија

Си го оставивте ѓубрето во природата, кои сте вие и зошто го правите ова?!

Веднаш под Марков Манастир тече бистрата Маркова Река. Засонета во дебелите сенки на бујната вегетација. На горештина од 35 степени над реката се пробива освежувачко ветре. Идеално место за одмор, за цапање во реката, на места може и да се влезе до „половина“. Место за размислување за убавините на Македонија, за нејзината историја и културно богатство. Природата ја чувствувате таква каква што е создадена пред векови сѐ до оној момент кога ќе се сопнете на кеса со ѓубре, на празно пластично шише, лименка од пиво или конзерва од месен нарезок. Е аман!

И секој излетник ќе ви рече дека е тоа голема срамота што некој зад себе го оставил своето ѓубре, што не го зел со себе и не го фрлил во канта за отпадоци. Кои сте вие и зошто го правите ова?

Зошто некој друг треба да го собира ѓубрето или бистрата река да го носи со себе, а дрвјата на брегот да бидат наѓубрени со нашите остатоци?

Вчера имаше малку луѓе. Но во други денови, особено за празници, брегот на реката е полн со излетници. Колку ли ѓубре има тогаш?

Инаку, во комплекстот на Марков Манастир е чисто, мирно и спокојно, како да е со километри, а не со десетици метри далеку од кесите и лименките.

Марков Манастир се наоѓа јужно од селото Маркова Сушица, по долината на Маркова Река на нејзиниот лев брег, на 20 км од Скопје. Вредно македонско културно и историско наследство. Во манстирот суштествува женско монашко сестринство. Манастирот е активен уште од 1.377 година, известува mkd.mk

 

Тагови

Поврзани вести