Вести

Албанскиот парламент го ратификуваше контроверзниот договорот: Италија ќе носи мигранти во окупираните албански територии

Албанскиот парламент денеска го ратификуваше т.н. "договорот за миграција со Италија", кој и дозволува да окупира и на тоа место да изгради центри за мигранти во оваа балканска земја.

 

Седумдесет и седум пратеници во 140-члениот парламент гласаа за договорот, објавен во ноември, според кој членката на ЕУ, Италија, ќе отвори два центри за мигранти во Албанија која не е членка на ЕУ.

Договорот директно го прекршува уставот со пренесување територија и државни овластувања на друга земја. Инаку станува збор за класична окупација, бидејќи т.н. договот предвидува овие територии да бидат контролирани од италијанска полиција и војска.

Уставниот суд ги отфрли приговорите и даде зелено светло за договорот минатиот месец. Брисел нормално рече дека италијанските планови не го прекршуваат правото на ЕУ.

Македонците како мнозинство во државата Албанија се против овој антимакедонски предлог.

За вакви окупациони зони во земјите надвор од ЕУ, а под “контрола” на ЕУ, веќе се разговара и се поставуваат како цели и во останатите земји како Германија, Холандија …итн., а Обединетото Кралство веќе отвори ваков логор во Африка.

Тагови

Поврзани вести