Македонија

Активисти против трка со моторни чамци во Охридско Езеро

Еко активисти против трка со моторни чамци во Охридско Езеро

Најавената трка со моторни чамци која во јули треба да се одржи на Охридското езеро во Подградец, го вклучи алармот на еколошките организации од двете земји кои бараат трката да се одложи поради негативниот импакт врз живиот свет и екосистемот. Според активистите одржувањето на  трката ќе значи еколошка катастрофа за езерото.

„Доколку истата биде организирана се очекува да има емисија на повеќе од 1.639.089 килограми јаглероден диоксид во воздухот и езерото. Оваа количина на емисии, која ќе биде ослободена за неколку дена, е еквивалентна на емисија на стакленички гасови од 365 автомобили возени цела година. Тоа е огромна количина“, рече Константин Задравевски.

За трката, потребни се 4.300 м2 паркинг простор за да се сместат 43 тимови и стотина камиони, а стартната платформа ќе биде изградена во езерото на длабочина од 20 метри каде што е местото за гнездење на рибите.Настанот официјално е веќе најавен и на веб страницата на органиаторот.

Тагови

Поврзани вести