Вести
Активистите ја обвинуваат Општина Тетово, без идеја како да се намали аерозагадувањето
Невладините организации „Еко Герила“ и Движењето „Мајка и дете“,го кренаа гласот против загадениот воздух. Прстот го вперија кон општинските власти. Тврдат дека не презеле ништо за намалување на аерозагадувањето, а додаваат дека ниту снегот од тротоарите не е исчистен.
„Како што изгледа општината Тетово нема никаква идеја како да го намали загадувањето на воздухот. За целиот овој временски период, општина Тетово не се потруди да ангажира странски експерти за да процени, освен „Југохром“ – кој е најголеми загадувач, кои се другите фактори кои го загадуваат воздухот и какви мерки треба да се преземат“, изјави Нарта Каса од движењето „Мајка и дете“
Аријанит Џафери од ЕКО Герила ја обвини општината за нетранспарентност и неотчетност.
„Иако побаравме транспарентност за финансиските извештаи за работата на општината, сепак градоначалничката Арифи, нѐ упати да ја посетиме веб – страницата на Министерството за финансии. Бараме општината и градоначалничката Арифи да комуницираат директно со граѓаните. Последниве денови се зборува за големи финансиски злоупотреби и за недостиг на транспарентност“, изјави Аријанит Џафери од „Еко герила“.
На ваквите обвинувања, општината Тетово одговори со соопштение:
„Апелираме до граѓаните на Тетово, во состојба на енормно аерозагадување во општина Тетово, да го ограничат нивното движење на отворен простор, само во случај на потреба. Се препорачува посебните категории граѓани, како што се малите деца, бремените жени, хронично болните и старите лица да не излегуваат на улица!“, велат од Општина Тетово.
Инаку, според мерните станица, во изминативе 3-4 дена, нивото ПM10 честички во Тетово надминало речиси 4 пати над дозволената граница.