Македонија
Аерозагадувањето во Скопје најголемо, а во Штип најмало
Најголемо е аерозагадувањето во Скопје, а најмало во Штип, покажуваат податоците од теренските истражување на лабараторијата АМБИКОН на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“. Во прилог на Штип му оди ветерот, како и конфигурацијата на терен, а не е резултат на преземените мерки.
Универзитетскиот професор Дејан Мираковски, кој две години е вклучен во проектот за истражувањето за загадувањето на воздухот во Скопје вели дека загадување има во речиси сите урбани средини. Смета дека потребно е исто такво истражување и во останатите градови да се лоцира што и кој загадува.
Согорувањето на биомасата е број еден загадувач во Скопје, покажа студијата за Скопје. Но овде се и индустријата, прашината од градежните активности, како и сообраќајот. Во населбата Лисичи на 129 домаќинства им е сменет начинот на греење, сменети се фасади и прозорците на куќите, за подобра енергетска ефикасност. Мерките веќе имаат ефект.
Ефектите од проектот кој е тежок околу два милиони долари веќе се чувствуваат во Личиче, а се прават и истражувања и каде во други населби ќе се применат мерките. Во земјава има дваесетени маерни станици, а на истокот во Кочани и Берово.јавува телма.