Забава
Автомобилски ентузијаст и фудбалски фанатик во едно
Автомобилските ентузијасти ги сакаат своите автомобили на посебен и специфичен начин, а доколку во една личност се спојат страста кон автомобилизмот и фудбалот, тогаш бидете подготвени за сензационална акција.
Токму таков интересен човек е главниот лик на оваа статија, Бразилец кој употребил верувале или не – 15.000 сликички за да ја излепи својата „Буба“.
Нормално дека не можел сам, па за оваа егзибиција ја искористил помошта на пријателите.
Двојниот ентузијаст најави дека „Бубата“ во фудбалско руво ќе ја вози до крајот на Светскиот шампионат во фудбал.
Не е потврдено кој е овој фанатик, но бразилските медиуми тврдат дека станува збор за Енрике Педроти, Youtube ѕвезда.