Економија
Австрија воведува еко данок
Aвстрија го претстави најавуваниот еколошки данок, кој ќе се применува од почетокот на наредната година, а според кој секој граѓанин ќе биде оданочен со 30 евра по генериран тон на јаглероден диоксид. Тој данок ќе се почувствува преку цените на стоките и услугите. Данокот е проектирано да порасне до 55 евра во 2025 година. Во Австрија се смета дека емисиите по жител изнесуваат 7,6 тони годишно.
Но, освен споменатиот данок, секој граѓанин ќе добие и годишно рефундирање на средства во вид на т.н „климатски бонус“, во зависност од тоа дали живее во град (100 евра) или на село (200 евра).
Децата имаат право(?) на половина од надоместокот кој го добиваат нивните родители, велат од владата. Вицеканцеларот Werner Kogler, го нарекол овој потег историски, бидејќи се работи за поинаков начин на размислување во однос на загадувачите. Зелените сметаат дека еко данокот треба да биде повисок, дури и до 100 евра по тон јаглерод диоксид.
Воведување на даноци со еколошки оправданија веќе одамна се заговара Во светот. Понекогаш ефектот кој има за цел поздрава и почиста животна средина изостанува, а граѓаните се теретат со дополнителни давачки за полнење на буџетите на државите. Изостанува даночењето на големите загадувачи кои пред се се големи корпорации и фабрики со огромни профити.