Природа
Убиена најголемата анаконда во светот
Пред само пет недели светот дозна дека постои анаконда долга речиси седум метри, а глетката на холандскиот биолог Фрик Вонк кој бестрашно плива покрај неа ги остави гледачите без зборови. За жал, сознанието дека најголемата змија на светот постои во природата, за некои беше прилика за контроверзна реакција.

Телото на анакондата е пронајдено во неделата во реката Формосо во руралното подрачје Бонита, во јужен Бразил. Се верува дека ја убиле ловци.
Смртта на најголемата анаконда ја објави и холандскиот биолог Фрик Вонк, чие видео од нејзиното пливање го обиколи светот.
Во времето кога тој ја напиша својата објава на социјалните мрежи, смртта на веројатно една од најголемите, ако не и најголемата, змија моментално на планетата не беше официјално потврдена.
„Со тешко срце сакам да ве информирам дека моќната голема зелена анаконда со која пливав е пронајдена мртва во реката викендов…Слушнав од различни извори дека е убиена, иако официјалниот извештај допрва треба да ја потврди причината за смртта. Толку сум тажен и толку лут во исто време. Каква тажна и трагична загуба. И колку треба да си болен за да го направиш ова на толку убаво и уникатно животно. Ова е толку инспиративно и тажно“, изјави тој.