Свет

Куче робот ги опоменува луѓето во Сингапур да држат дистанца?

Сингапур најави дека ќе користи куче робот со цел да осигура дека луѓето ги почитуваат мерките за пропишаната физичка дистанца во јавност. Роботот на компанијата “Boston Dynamics” ќе патролира низ паркот Бишан-Анг Мо Кои за да ги потсетува луѓето да се држат на безбедна оддалеченост едни од други.

Се работи за куче-робот наречен Спот, којшто ќе патролира низ парковите и природните резервати со кои управува Одборот на национални паркови и во парковите со кои управува градскиот совет. Тој ќе емитува снимена порака која ќе ги потсетува минувачите да бидат внимателни.

Спот е опремен и со камери со цел да помогне во проценката на бројот на посетители во парковите. Инаку, овој робот се користи во локалниот центар за изолација на болните, каде доставува лекови за пациентите.

Тагови

Поврзани вести