ЕКОБАЛАНС е интернет порталот за заштита на животната средина, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.
Наша цел е да допринесеме за едукација на јавноста; да ги следиме новитетите и актуелностите во земјата и светот; да ги воочуваме проблемите и начините за нивно надминување. Да истражуваме кои се предностите, а кои се слабите страни и какви потенцијали има нашата земја при управување со отпадот, при заштедата на енергијата и користењето на обновливите извори на енергија. Да укажуваме на пропустите во законите и прописите и да покажеме примери на успешна светска и европска пракса.
Соработката со врвни експерти од областа за заштита на животната средина и енергетиката, како и нивните изјави и прилози ќе допринесуваат за квалитетот на самиот интернет порталот.
Интернет порталот ЕКОБАЛАНС ќе даде одговор на прашања како Што може да направиме за да ја зачуваме нашата животна средина? Како да заштедиме, а како да создадеме енергија од алтернативни извори? Каде е светот, а каде сме ние кога станува збор за развојот и подигањето на еколошката свест?
Импресум:
Издавач:
Здружение за медиуми, едукација и заштита на животната средина
Интернационален форум за просперитет – СкопјеАдреса:
ул.14 бр.14 Карпош, 1000 СкопјеУредник:
Ивана ЈанковскаРедакција:
Илија Јовановски
Александра Божиновска
Борис АнгеловскиКонтакт:
contact@ekobalans.mk
Услови за користење
Добродојдовте на интернет порталот на ЕКОБАЛАНС . ЕКОБАЛАНС ви овозможува користење на услугите и содржините на својот интернет портал кои се регулирани со овие Услови за користење и важат за сите содржини, страници, услуги, интернет домени и поддомени кои се во сопственост на ЕКОБАЛАНС . Со користењето на интернет порталот на ЕКОБАЛАНС , неговите страници, содржини и услуги се смета дека корисниците во секој момент се запознаени со овие Услови за користење и дека во целост ги разбираат и прифаќаат.
Обврски на корисниците при користење на порталот и услугите
На корисниците на ЕКОБАЛАНС не им е дозволено:
а) објавување, испраќање и размена на содржини кои ги кршат постоечките македонски и/или меѓународни закони, содржини кои се навредливи, вулгарни, порнографски, расистички, шовинистички, заканувачки или е штетен на било кој друг начин;
б) објавување, испраќање, размена и пренесување на информации за кои посетителите знаат или претпоставуваат дека се лажни, а чие користење би можело да им нанесе штета на другите корисници;
в) лажно претставување во име на друго правно или физичко лице;
г) манипулирање со информациите со цел прикривање на потекло на содржините кои се објавуваат или испраќаат преку услугите на ЕКОБАЛАНС ;
д) објавување, испраќање и размена на содржини кои се заштитени со авторски права;
ѓ) oбјавување, испраќање и размена на несакани содржини на корисниците без нивна согласност или барање, како што се промотивни материјали, рекламни пораки, „спам“, верижни писма, лажни наоди или тврдења.
е) свесно објавување и размена на содржини кои содржат компјутерски вируси или слични злонамерни компјутерски датотеки или програми со цел уништување или ограничување на работата на било кој компјутерски софтвер и/или хардвер и телекомуникациска опрема;
ж) собирање, чување и објавување на лични податоци на други корисници
ЕКОБАЛАНС го задржува правото да ги отстрани содржините за кои смета дека не одговараат на овие Услови за користење, како и да ги укине корисничките налози на регистрираните корисници без претходна најава во случај на недозволено користење, односно при повреда на овие Услови за користење.
Со прифаќање на овие Услови за користење, корисникот прифаќа и согласен е дека услугите и содржините на ЕКОБАЛАНС ќе вклучуваат реклами, разни известувања, пораки од администраторите и слични пораки од ЕКОБАЛАНС за редовно известување на посетителите/корисниците на порталот и нормално функционирање на сите услуги и содржини на порталот ЕКОБАЛАНС .
Авторски права
Содржините објавени на порталот на ЕКОБАЛАНС се состојат од сопствени содржини, содржини од партнери/извори/автори кои се користат со нивна дозвола и прес/промотивни материјали наменети за слободна употреба во медиумите. Содржините на порталот и услугите се заштитени со авторски права. Менувањето, позајмувањето, продажбата или дистрибуцијата на таквите содржини се можни само со претходна писмена дозвола од ЕКОБАЛАНС или сопствениците на содржините кои ЕКОБАЛАНС ги објавува со дозвола од партнерите и други издавачи. Содржините, податоците и информациите објавени на ЕКОБАЛАНС може да се користат само за индивидуални потреби на корисниците и на нивна сопствена одговорност со почитување на авторските и сопственичките права и правата на трети лица.
Доколку корисникот смета дека дошло до повреда на авторските права на порталот, должен е да ја извести ЕКОБАЛАНС на contact@ekobalans.mk.
Линкови кон други интернет страници
ЕКОБАЛАНС содржи линкови кон надворешни страници кои кога е можно ќе се означуваат како такви. ЕКОБАЛАНС нема надзор кон податоците, информациите и останатите содржини на надворешните интернет страници кои водат надвор од сопствениот портал и во целост се одрекува од секаква одговорност поврзана со содржините на интернет страниците креирани од страна на трети лица.
Содржини добиени од корисниците и посетителите на ЕКОБАЛАНС
ЕКОБАЛАНС не ја контролира содржината која ја разменуваат нејзините корисници и не може да ја гарантира нејзината точност, потекло или квалитет. Во случај на сознание дека некоја содржина ги прекршува правните прописи на Република Македонија и/или меѓународните закони или го нарушува угледот на ЕКОБАЛАНС како медиум, ЕКОБАЛАНС го задржува правото на отстранување на таквите содржини од порталот без претходна најава. ЕКОБАЛАНС нема на било каков начин да биде одговорна за содржини или губење и оштетување на содржини кое настанало поради користење на порталот на ЕКОБАЛАНС .
ЕКОБАЛАНС не е сопственик на содржините кои ги објавуваат или разменуваат посетителите на порталот и на нејзините услуги. ЕКОБАЛАНС го задржува правото да користи некои од овие содржини во промотивни цели за Услугите во кои содржината е објавена.
Јавно достапна содржина се сите содржини кои им се достапни на сите посетители на порталот и услугите.
Сите самоиницијативно пратени материјали, а посебно фотографии, видеа, текстови и слични авторски материјали (во понатамошниот текст: Материјали) можат еднаш или повеќе пати без временско ограничување, но и не мораат, да бидат објавени на порталот и услугите на ЕКОБАЛАНС . Испраќачите на овие Материјали прифаќаат дека за испратените Материјали нема да биде исплатен никаков хонорар. Сите лица кои самоиницијативно испраќаат Материјали гарантираат дека истите Материјали претставуваат нивна сопственост и дека ги поседуваат авторските права.
Содржини од огласувачите
ЕКОБАЛАНС не е одговорна за содржината на страниците на огласувачите на порталот, ниту за било каква штета настаната од рекламирање на порталот на ЕКОБАЛАНС .
Заштита на приватноста и личните податоци
ЕКОБАЛАНС се обврзува дека ќе ја почитува анонимноста и приватноста на своите корисници и посетители на порталот. ЕКОБАЛАНС може да собира лични податоци од корисниците/посетителите само со нивна согласност. Наведените податоци ќе се користат со цел информирање на корисниците, подобар увид и разбирање на потребите на корисниците на ЕКОБАЛАНС , како и развивање на што поквалитетни услуги. ЕКОБАЛАНС под ниту еден услов овие податоци нема да ги направи достапни на трета страна, освен во случај кога таква обврска е регулирана со закон.
При вашата посета на порталот ЕКОБАЛАНС серверот автоматски ја бележи IP адресата на корисникот на сајтот, детали за интернет прелистувачот кој го користите, оперативниот систем на вашиот компјутер, а собира информации и за времето на посета. Ваквите информации ни овозможуваат статистика за посетеноста на нашиот портал, а крајната цел е анализа на најпопуларните содржини меѓу публиката со која ќе овозможиме подобри услуги и содржини за нашите корисници.
ЕКОБАЛАНС се обврзува дека на најдобар можен начин ќе ги заштити овие податоци, но ЕКОБАЛАНС не може да одговара доколку таквите информации бидат украдени од нашите сервери, нивна злоупотреба, во случај на неовластен упад во нашиот систем или други незаконски активности на корисниците.
Забрана за користење на порталот, услугите и укинување на кориснички налог
ЕКОБАЛАНС го задржува правото на поединечни корисници да им забрани пристап до порталот, одредени делови од порталот или услуги за кои се регистрирани, а без претходна најава и образложување. ЕКОБАЛАНС не сноси никаква одговорност за било каква штета настаната од забрана за пристап или укинување на корисничкиот налог.
Промена на содржините на порталот и услугите
ЕКОБАЛАНС го задржува правото на промена, отстранување (привремено или трајно) на било која содржина на порталот и услугите без обврска за претходна најава. ЕКОБАЛАНС не е одговорна за било каква штета настаната од овие промени.
Промена на Условите за користење
ЕКОБАЛАНС го задржува правото на промена на Условите на користење во било кое време и нема да биде одговорна за можни последици кои произлегле од такви промени. Промените стапуваат на сила со објавување на порталот или услугите на ЕКОБАЛАНС.