Свет

Eлектричен минибус без возач

Во Виена во јавниот превоз почна да се користи првиот . Автобусот ќе биде вклучен во истражувачки и тест-активности во склоп на проектот „Ауто-бус-штад“ во кој освен “Wiener Linien“ учествува и Австрискиот институт за технологија, Управниот одбор за сигурност на сообраќајот, ТИВ Австрија, Сименс и францускиот производител на автобусот НАВЈА.

Заедничка цел е зголемување на ефикасноста и безбедноста на автономните возила. Пред да почнат да се користат овие минибуси, тие ќе поминат тест-период.

Минибусите без возачи во иднина ќе бидат важен дел од јавниот превоз во помалку населените места.

Новата автоматизирана технологија ќе ја подобри поврзаноста со останатите делови на јавниот превоз и протокот на сообраќајот.

Минибусот е долг 4,75 метри, широк 2,11 метри и висок 2,65 метри. Собира 11 патници, а најголема дозволена брзина е 20 километри на час. Максимално време на работа е девет часа, а се полни од четири до осум часа. Покрива радиус од два километри.

Тагови

Поврзани вести