Храна
Како да го контролирате гладот?

Зад контролирањето на чувството на глад се крие одговорот на прашањето дали некој ќе биде во идеална линија или ќе има вишок на килограми и ќе биде далеку од добра телесна форма. Според мислењето на експерти, контролата над чувството на глад е возможна и тоа на повеќе начини.
Девет од нив се и научно докажани, па ако сакате да научите како да го контролирате гладот, посветете внимание на следниве работи:
1. Сон
Недостатокот на сон ја активира желбата за храна, така што задолжително треба да си обезбедите оптимални 7 до 8 часа сон секој ден, тврдат експерти.
2. Кафе
Пиењето на кафе не го регулира само крвниот притисок, туку и го зголемува менталниот фокус. Кафето докажано го намалува чувството на глад.
3. Минерална вода
Со пиењето на минерална вода, во организмот се стекнува чувство на полн стомак и се намалува желбата за храна.
4. Зачини
Зачинетата храна ги активира сите сетила на јазикот, а мозокот добива „работа“, на тој начин што ги распознава вкусовите. Целото тоа го свртува вниманието од чувството на глад и полека го снемува.
5. Овошје и зеленчук
Протеинските влакна и големата количина на течности во овошјето, овозможуваат прилично брзо заситување. Најдобро од се е што станува збор за многу мал број на калории. Слично се случува и со јадење на зеленчук.
6. Протеински влакна
Влакната генерално се посебно важни за постигнување на чувство на ситост и негово одржување. Целите семки од житариците се најдобар извор на влакна, а тука се секако и оревите и бадемите и останатото овошје и зеленчук.
7. Масти
Мастите се најкалоричните хранливи материи, за кои на организмот му е потребно повеќе време да ги свари. Здравите, незаситени маснотии треба да бидат задолжителен елемент во вашите оброци, секако во внимателно одредени количини.
8. Протеини
Протеините имаат способност за долго одржување на чувството на ситост, па секако би требало да се најдат во секој оброк. Гладот најдобро се губи кога во оброците содржат 20 до 30 грама протеини.
9. Развој на мускули
Колку повеќе имате мускули на телото, толку е и поголемо согорувањето на калории. Со развивање на мускулите најдобро се влијае на добрата телесна форма и од тој аспект.