Свет
15 земји кои се најмалку подготвени за пандемија на корона вирусот
Екваторска Гвинеја, Сомалија, Сирија... Кои се другите земји чии здравствени системи се најмалку подготвени во случај на пандемија?
Корона вирусот станува проблем за многу држави во светот, но тоа најизразено ќе биде во најсиромашните земји со несреден здравствен систем.
Вирусот се појави во преку 100 држави, но секоја од нив се справува со ситуацијата на поинаков начин. И додека некои веднаш имплементираат строги здравствени мерки и контроли на аеродромите, други не знаат како треба да постапат. Сепак, никој не е комплетно подготвен за пандемија.
Истражување на здравствените системи направено во 2019-та го испита здравствениот систем во 195 земји и неговата способност за справување со појава на некоја инфективна болест.
На испитувањето Македонија се најде на 90-тото место за способноста за справување со пандемија, што и не е толку лошо и на некој начин влева надеж, бидејќи сепак има многу земји кои се далеку помалку подготвени, а кај нас сепак се преземаат добри мерки кои е важно да се почитуваат.
Највисоко на листата се најдоа САД, Велика Британија и Холандија, а посиромашните земји останаа на дното поради лошата комуникација помеѓу здравствените работници во ваква ситуација, лошата практика при тестирање на инфекциите и слабата достапност до опрема.