Македонија

Ѕвоното од 8,3 тони во Скопје е најголемото на Балканот

Православниот храм „Св. Константин и Елена“ се наоѓа во средиштето на најпознатата улица „Македонија“ во строгиот центар на Скопје и истиот во моментот е во завршна фаза на изградба.

Црквата има злат­ни ку­по­ли, а фа­са­да­та со ор­на­мен­ти е ре­чи­си за­вр­ше­на.Овој храм е со бруто-површина од околу 2.000,00 м2 и е досега најголемиот изграден православен храм во Македонија.

Црк­ва­та „Све­ти Кон­стан­тин и Еле­на“ поч­на да се гра­ди во но­ем­ври 2012 го­ди­на. Иа­ко пр­вич­но тре­ба­ше да се гра­ди на плош­та­дот Ма­ке­до­ни­ја, по не­го­ду­ва­ње­то на јав­нос­та се од­бра но­ва ло­ка­ци­ја, на ули­ца­та „Ма­ке­до­ни­ја“, вед­наш до До­мот на Ар­ми­ја­та.

Во 2015 година беа донесени сите 12 ѕвона за црквата и беа осветени од архиепископот г.г. Стефан во сослужение со свештенослужители од Скопската епархија. Тие се поставени на камбанаријата висока 50 метри, која е меѓу највисоките во Македонија.

Ѕвоната кои се изработени во фабриката „Грасмаер“ во Инсбрук, Австрија, ќе продуцираат тонови во три октави. Проектот за ѕвоната го изработија исто така Владимир и Искра Лековски, а рускиот проектант Марк Галтерин го изработи проектот за звучниот сет. Централното ѕвоно во новата црква, тешко 8,3 тони, е најголемото ѕвоно на Балканот. Другите две се тешки 3,5 тони, односно 2,3 тона.

Сите 12 ѕвона ќе бидат наместени така што ќе произведуваат разни мелодии. Една мелодија за големите празници, а друга во неделите. Пластичната изработка на декорациите и иконите на ѕвоната се дело на Дарко и Елена Дуковски.

Црквата во форма на крст е висока 30 метри и има една централна и четири помали куполи. Има четири апсиди и една олтарна апсида. Станува збор за обновување на стариот храм „Свети Kонстантин и Елена“, кој се наоѓал во близина на плоштадот Македонија.

Бил осветен во 1926 година, а оштетен во земјотресот во 1963 година. Во почетокот на 70-тите години храмот бил миниран за на негово место да се изгради денешниот Градски трговски центар.

Тагови

Поврзани вести