Патувања
Шри Ланка, запознајте многу луѓе коишто ќе имаат што да ви раскажат!
10 причини кои што се доволен доказ дека Шри Ланка е една од најдобрите дестинации за летување.
Благодарение на нејзините богати зајдисонца со портокоалово розеникави нијанси, бесконечни плажи, игрива дивина, Шри Ланка е незаборавна дестинација којашто ќе сакате да ја посетувате секое лето.
1. Азиското сафари искуство
Дефинитивно ќе бидете воодушевени од богатата фауна, особено од разноврсните мајмуни. А со сигурност долговечно ќе го паметите доживеаното сафари искуство со слонови.
2. Пешачење и активности на отворено
Доколку сте од оној тип на патници “ако нема болка – нема ниту добивка”, тогаш веруваме дека со многу возбуда ќе се искачувате на камената древна тврдина Сигирија, прогласена за осмото чудо на светот. Самото искачување и не претставува никаков напор, но вертикалниот наклон во комбинација со влагата создава уникатно и незаборавно искуство. Сурфањето, возењето велосипед, качувањето по карпи се исто така активности коишто можете да ги правите овде на отворено. Ова е земја позната по нејзината природна убавина, па направете си услуга и уживајте во нејзината сценографија на кој било начин.
3. Дивите животни
Мајмуните се буквално насекаде и се екстремно релаксирани и пријателски настроени кон туристите, освен ако не се испровоцирани од одредени луѓе. Набљудувачите на птици ќе мораат да си резервираат еден ден на поле, додека пак љубителите на слонови и леопарди ќе мораат да се упатат во некој од националните паркови.
4. Возбудливите градови
Кога прв пат ќе посетите некој од градовите во Шри Ланка за момент ќе се запрашате каде ли се наоѓате?! Доколку веќе претходно сте ја посетиле Индија, ќе разберете за што конкретно ви зборуваме. Голем дел од градовите во Шри Ланка потсетуваат на градовите во Индија, поради нивните живописни бои како и возбудената толпа на туристи и луѓе низ улиците.
5. Храната
На почетокот ќе се чувствувате заробени и окупрани од необичните вкусови кои ги нуди овој простор, како храна зачинета со кари, свежо овошје и кокосова вода, но тоа не е сѐ! Tропската клима во Шри Ланка влијае на продуктивноста и плодноста на овој предел. Тоа значи дека оваа дестинација изобилува со зеленчук и овошје. Веројатно поради таа нејзина предност, Шри Лака има огромен број на посетители коишто се вегетаријанци.
6. Храмовите и будистичката култура
Будизмот зазема околу 70% од религиозната популација во Шри Ланка. Затоа овде најголема атракција се храмовите, статуите на Буда и религиозните локалитети. Сето ова нуди одличен увид во будизмот како религија, а локалните жители ќе бидат повеќе од среќни доколку ви понудат дополнителни информации со цел да ви помогнат да стекнете подлабоко разбирање на нивните верувања.
7. Традицијата
Многу од традициите на Шри Ланка се пренесени од Индија, па оние кои веќе патувале таму ќе забележат голем број на сличности. Во оваа десетинација нема да забележите голем развој на индустрија, хаотичност, брзање како што е случај со голем број на метрополи во светот. Овој простор е окупиран од руралното земјоделство. Ова е одлична можност за да патувате во тамошните села и да научите нешто повеќе за античките традиции како и за руралниот начин на живот.
8. Патот низ селата
Гледано од едно макро ниво, може да се забележи дека пејзажите на Шри Ланка се многу разноврсни: има градови каде што можете да сурфате по должината на брегот до градови со стилски начин на живеење, па сѐ до разни плантажи на чај во висорамнините. Разгледувањето на земјата преку селските патишта е одличен начин сѐ да се разгледа, но исто така патувањето со воз е прилика да се стекнете со големо културно искуство.
9. Достапниот луксуз
Доколку сте љубители на луксузен одмор, тогаш Шри Ланка е одлична опција за вас, а поради добро развиениот и прифатлив туризам ќе успеете и да заштедите по некој долар.
10. Луѓето во Шри Ланка
Овде ќе запознаете многу луѓе коишто ќе имаат што да ви раскажат! Шри Ланканците се горди на својата земја и култура, па затоа со нетрпение очекуваат нови посетители коишто ќе ги пречекаат како дел од нивното семејство.