Свет

Хаос во светски познатиот национален парк; На природата ќе и требаат 200-300 години да закрепне

Поради блокадата на дел од американската администрација стотина илјади службеници останаа без приходи, а за граѓаните недостапни останаа низа државни институции. Сепак, изгледа дека тоа не е сè. Огромни штети од блокадата на институциите претрпува и природата.

Имено, поранешниот шеф на прочуениот национален парк „Џошуа три“, во Калифорнија, во изјава за медиумите рече дека ќе требаат неколку стотина години паркот да закрепне од штетата што му е нанесена за време на блокадата, кога службениците не доаѓале на работа, пренесува „Гардијан“.

По завршување на блокадата, паркот беше отворен, а вработените нашле вистински хаос: оштетени дрвја, графити и уништени патеки. Поради отсуство на надзорните служби вандали неконтролирано дивееле и направиле огромни штети. Паркот е времено затворен за да не дојде до поголеми штети.

Потсетуваме, блокадата на дел од американската администрација  заврши минатата недела, но се заканува нова, којашто би можело да биде воведена повторно ако демократите, кои го контролираат Конгресот и претседателот Трамп не постигнат компромис за финансирање на изградбата на ѕид на границата со Мексико. За време на својата кампања, Трамп овој проект го претстави како еден од клучните за време на мандатот, а Демократската партија и голем број американски гласачи се противат, особено затоа што парите за ѕидот, (најмалку 5-6 милијарди долари) треба да се издвојат од џебот на даночните обврзници. Се разбира, Мексико сигурно нема да го плати, иако Трамп ги убедуваше своите гласачи за време на кампањата дека нивните јужни соседи ќе бидат оние кои ќе ја финансираат неговата изградба.

Тагови

Поврзани вести