Македонија
Уловен сом на Калиманско езеро долг 180 и тежок 30 килограми

Риболовецот Ванчо Јовановски – Шајка од Македонска Каменица на социјалните мрежи се пофали со “улов” тежок 30 килограми. Сомот кој е изваден од водите на Калиманско езеро е долг 180 сантиметри и е еден од поголемите кој е изваден од водите на Калиманско езеро.
57 годишниот Ванчо Јовановски кој е жител на Каменица често знае да си ја проба среќата ловејки риба на езерото Калимаци. Ова е најголем негов улов а риболовот му е хоби кое знае да го релаксира од напорното секојдневие.