Вести

ТОП 5: Најпродавани електрични автомобили во 2018 година

Продажбата на електромобили минатата година во САД драстично порасна благодарение, пред се, на Teslа Model 3.

Ова возило е прв модел на струја кое е продадено во повеќе од 100.000 единици во само една календарска година на американскиот пазар.

Дали токму 2018-та е годината која претставува пресвртница кога станува збор за експанзијата на автомобили на струја ќе покаже времето, но едно е сосема сигурно – минатата година ја одбележа еден електричен модел, кој буквално конкуренцијата ја „стави во џеб“, барем на американскиот пазар.

Во 2018 година во САД се испорачани дури 139.782 единици на Teslа Model 3, со што овој автомобил убедливо го зазеде првото место по продажба.

Model 3 дури и ја надмина вкупната продажба на преостанатите четири најбарани модели на струја во САД.

ТОП 5 листа на најпродавани електрични автомобили во 2018 година во САД:

МОДЕЛ Број на продадени возила

1. Tesla Model 3 139.782
2. Tesla Model X 26.100
3. Tesla Model S 25.745
4. Chevrolet Bolt 18.019
5. Nissan Leaf 14.715

Тагови

Поврзани вести