
Првиот авион на биогориво на компанијата Quantas Airways, по 15 часовен лет, од САД до Австралија, неодамна слета во Мелбурн. Авионот користел мешовито гориво, кое е 10 отсто произведено од индустрискиот тип на семките горушица. Типот на авионот бил Boeing Dreamliner 787-9 и сообраќал на редовна патничка линија. Со ова гориво, емисиите на јаглерод диоксид се намалени за 7 проценти споредено со вообичениот лет наистата линија.
Ова биогориво од семки горушица, придонесува за намалување на емисијата на стакленички гасови за 80 проценти во текот на целиот животен циклус. Растението е одржлив извор на гориво за фармерите, а речиси во еден ден по жетвата, маслото се издвојува и може да се користи во тракторите. Имено, секоја втора или трета година, може да се одгледува и користи локално, или пак да се извезува како гориво за авиони.
Голем дел од био дизелот кој во моментот се одработува потекнува од отпадно масло, од трговијата со риби и сл. Меѓутоа, не постои континуитет во снабдувањето од таквите извори, што е голем проблем за индустријата за биодизел во Австралија.