Живот

Последните фотографии на кениската кралица на слоновите

 

„Да не ја видев со сопствени очи, ќе мислев дека таков слон не постои во нашиот свет“.

Повеќе од 60 години слоницата позната како F_MU1 луташе низ низините на Тсаво во Кенија. Таа беше еден од последните преостанати африкански супербивначи – наречени така бидејќи нивните бивни се доволно долги за да стигнат до земјата.

Британскиот фотограф Вил Бурард-Лукас снимил неверојатни фотографии на слоницата пред да умре од старост. „Ако имаше кралица на слоновите, тоа сигурно ќе беше таа“, изјави тој за „Њусбит“.

Во Африка останаа помалку од 30 такви слонови, објави Би-би-си.

Вил работел 18 месеци на проектот, а поопширно за тоа искуство може да се прочита на неговиот блог.

Првиот пат кога ја видел, рече дека останал без збор. „F_MU1 беше слаба и стара, но чекореше напред со достоинство“, пишува фотографот на блогот. „Нејзините бивни беа толку долги што ја гребеа земјата пред неа. Таа беше како реликт од минатиот период“.

„Таа преживеа ужасни периоди на криволовство и победата беше дека нејзиниот живот не беше предвреме завршен со замка, куршум или отровна стрела“, додава тој.

Фотографиите на Вил ќе бидат објавени во неговата нова книга Land of Giants, а некои од нив ги објави на „Инстаграм“.

Последната фотографија на F_MU1 ја сними покрај водата. „Тоа беше чувство на привилегија и еуфорија, кое засекогаш ќе остане со мене“, рече тој

Тагови

Поврзани вести