Свет
Полицијата заплени 167 рогови од носорог , вредни милиони долари
Двајца мажи биле уапсени во северозападниот дел од Јужноафриканската Република откако во нивиот автомобил биле пронајдени 167 рогови од носорог, објави полицијата.
Властите добиле дојава за значаен број рогови и ги фатилe мажите.
Запленетите рогови биле наменети за пазарите во југоисточниот дел од Азија и имале голема парична вредност, истакна полицијата во земјата.
Меѓународната трговија со рогови од носорози е забранета во последните четири децении, но и понатаму се случува. Секоја година само во Јужноафриканската Република се убиваат илјадници носорози.