Македонија

Пожар во Долна Матка, запален кајакарскиот клуб

Две пожарникарски возила синоќа интервенирале по повик за пожар во кајакарскиот клуб во Долна Матка. Опожарена била површина од 50 м2, а причинетата материјална штета се проценува на 180 илјади денари.

Актуелен е спорот на општина Сарај со град Скопје за диво поставените платформи на езерото Матка.

Како Беџети ќе ја реши судбината на дивоградбите на Матка?

Нема ни да ги урива, ниту пак да ги легализира дивите платформи кои никнаа на Матка.Ова станува јасно од изјавата на градоначалникот Блерим Беџети кој вели дека мора да го почитува законот кој го има во државата и да работи согласно него.Тој потврдил дека платформите се бесправни но дека за исите има барање за легализација, но сепак прстот за овој проблем кој послува дека го наследил го обвинува скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Беџети смета дека натегнувањето со овој проблем ќе продолжи а од град Скопје му порачаа дека кањонот нема да зависи од еден скопски гадоначаник.

Според надлежните од град Скопје се работи на закон со кој ќе се заштити Матка во економска и еколошка смисла.Се јави и министерот кој пак ќе проверува кој има надлежност.

Тагови

Поврзани вести