Забава
Победниците на натпреварот за патувачки фотографии од National Geographic
На натпреварот за патувачки фотографии од National Geographic од 2018-та година учествувале спектакуларни фотографии направени изминативе две години. Фотографиите биле оценувани во 3 категории – природа, луѓе и градови. Покрај победникот на натпреварот, има победник и во секоја од категориите.
Природа
„Сирена“, Реико Такахаши
„Бев навистина среќна што налетав на грбав кит со нејзиното малечко на мојот прв ден на нуркање. Најголемиот дел од времето малечкото беше до неговата мајка. Потоа почна да скока и да мрда со опашката, беше навистина дружељубиво и љубопитно. На крај, мајката го зема и отпливаа. Локација: Кумеџима, Јапонија.“
„Полетување на фламинга“, Хао Ј.
„Пред да полетаат, фламингата трчаат на водата за да добијат брзина. Тогаш нивните нозе создаваат бранови на површината на езерото. Гледајќи од горе, овие бранови изгледаат како огромни водни растенија. Локација: Езеро Натрон, Танзанија.“
„Марс“, Марко Граси
„Овие природни песочни кули со камења се формирани пред многу векови по неколку бури. Изгледаат како пејзаж од друга планета и постојано се менуваат со текот на годините. Локација: Брунико, Италија.“
Градови
„Уште еден дождлив ден во Нагасаки“, Хиро Курашина
„Ова е поглед кон главната улица од трамвај во Нагасаки на дождлив ден. Трамвајот е винтиџ, но опремен со нова технологија за читање билети. Повеќе нема кондуктор. Овој поглед е вистински контраст со зафатените урбани центри во Јапонија како Токио и Осака. Локација: Нагасаки, Јапонија.“
„Геометрија на сонцето“, Енрико Пескантини
„Теотихуакан значи место каде што се создадени боговите. Пирамидата му била посветена на богот на сонцето и навистина ме фасцинира како сонцето зафаќа само половина од фотографијата, додека другата половина е во сенка. Локација: Теотихуакан, Мексико.“
„Рефлексија“, Ганеш Прасад
„Едно утро сакав да ја фотографирам маглата која е неверојатна во Дубаи од декември до јануари. За жал немав пристап до покривот па ѕиркав преку прозор на понискиот кат. Градот изгледаше навистина неверојатно. Локација: Дубаи, Обединети Арапски Емирати.“
Луѓе
„Чај“, Алесандра Мениконзи
„Долго време сум фасцинирана од методот на древните Монголци за ловење орли. Во 2018-та година следев семејство ловџии за време на нивната миграција од зимскиот кон летниот камп. Чајот е еден од знаците на гостопримливост. Кај нив не е само пијалак, туку мешавина од култура, релаксација, церемонија и задоволство. Локација: Планина Алтаи, Западна Монголија.“
„Леида и Лаеле – ќе те подигнам“, Тати Итат
„Од 2016-та година работам со имигрантите кои живеат во мојот град. Се спријателив со некои семејства, особено со близначките Леида и Лаеле. Велат дека животот во Бразил е како рај, многу поразличен од реалноста од нивната држава. Сакаат да станат модели и учителки и да заработат пари за нивните роднини од Хаити. Локација: Естрела, Бразил.“
„Предизвикувачко патување“, Танвир Хасан Роган
„Оваа фотографија е направена на железничката на аеродромот во Дака. Луѓето се враќаа кон нивните села за да го поминат празникот Еид со нивните семејства. Овој човек ми го привлече вниманието. Семејството имаше билети за во возот, но не можеа да стигнат до нивните седишта. Локација: Дака, Бангладеш.