Свет
Париз планира да произведува овошје и зеленчук
Париз ќе претвори една третина од зелените површини во урбани фарми. Градоначалничката на Париз, Ана Хидалго, беше избрана во 2014 година со намера да го подобри зеленилото во градот како дел од нејзината платформа.Во 2016 година нејзината администрација ја лансираше кампањата Parisculteurs, која има за цел да покрие околу 100 хектари со зеленило до 2020 година.
Една третина од тие зелени површини ќе бидат претворени во урбани фарми. Досега 74 организации потпишаа договори за соработка со градот. Градот веќе има одобрено 75 проекти, за кои е проценето дека ќе произведат повеќе од 500 тони вегетација.
Заменик-градоначалничката на Париз, Пенелоп Комит, е одговорна за сите паркови и зеленила во градот. Таа мисли дека Parisculteurs ќе послужи како иновативен модел за други градови кои сакаат во урбаните пејзажи да внесат повеќе природа.
Париз не само што има намера да произведува овошје и зеленчук, туку планира и да изуми нов урбан модел. Граѓаните сакаат нови начини да се вклучат во оваа иновација на градот и самите да бидат градинари. Ако пред три години на парижани им беше смешен овој план, денес тие ги користат покривите и подрумите за да произведуваат храна.
Парижаните се навистина доста заинтересирани да учествуваат во разеленувањето на градот. Урбаното земјоделство е огромна можност за Париз и придонесува за биодиверзитетот и борбата против климатските промени.Исто така, тоа значи отворање нови работни места. Со оглед на можностите во рамките на проектот и ентузијазмот за проектот, 2020 година е навистина скромна цел за Париз да стане зелен.