ВестиМакедонијаХрана
Отпадот од храна достигнува 90 до 100 милиони тони годишно

Пет илјади тони храна годишно во Македонија зафршуваат на буниште и и ние сме на непопуларното, седмо место по фрлање храна во светот. Штетата достигнува и до 10 милиони евра. Со оваа храна може да се снабдат 13.000 луѓе со три оброка дневно.Поради ова се изготуваат законски измени кои предвидуваат наместо да се фрла, храната да се донира во хуманитарни цели. Со регулирањето на фрлањето на храната најпрво ќе бидат опфатени маркетите, добавувачите и производителите по што, во втората и третата фаза ќе бидат таргетирани и рестораните, кетеринг службите и домаќинствата.
Франција е прва земја во светот која го регулираше прашањето со фрлањето храна, а примерот веќе го следи Велика Британија која годишно фрла по 15 милиони тони. Во Европската унија, пак, отпадот од храна достигнува 90 до 100 милиони тони годишно што е сума од неколку милијарди евра. Од регионот, Хрватска веќе има донесено Правилник за донирање на вишокот храна од маркетите, а фрла 400.000 тони годишно. ЕУ планира да го намали отпадот на храна до 2025 година за 30 отсто.
Славниот готвач и патувач Ентони Бордејн е автор на докуметарен филм кој се фокусира на се поголемиот проблем на фрлање храна. Во документарецот тој разговара со луѓе кои се борат против тоа. Огромните колични на храна која е за јадење, а завршува во отпад не можат веќе да се толерираат. Затоа се повеќе славни готвачи се занимаваат со оваа проблематика, а се чини дека ни Бордејн не е имун на ова глобално прашање.
Документарецот се вика „Потрошено“ и во него се појавуваат Масимо Ботура и Ден Барбер.
– Јас сум од стариот ков готвачи. Нас не учеа дека се што ни е дадено треба да го искористиме, ништо да не фрлиме, вели Бордејн во документарецот.
– Во САД 40 отсто од храната што се произведува, се фрла. Не треба да произедуаме повеќе, треба само поинаку да се однесуваме, вели еден од актерите во документарниот филм на Бордејн.
Фрлањето храна не е новина. Но, новината е во тоа што храната на овој начин сега се експонира како судбинска глобална тема. Принципите на одржливиот развој, усогласени во Париз може да се сменат само ако се сменат прехрамбените навики.
Секоја година, една третина од храната што се произведува во светот се фрла. Тоа значи дека во ветер, освен храната, отишле и трошоците за производство на храна, пакување, транспорт и маркетинг. Решението го има секој од нас. Секој производител, супермаркет, домаќинство или ресторан има улога која треба да ја одигра.