ЕКО производиЕкономија

Ознаката „еко-кафе“ го даваат својот придонес кон општествено одговорно однесување

Пакомак, компанијата за управување со пакување и отпад од пакување трета година по ред го реализира проектот еко-кафе во кој се вклучени повеќе од 500 кафулиња и ресторани низ Македонија. Поголемиот дел од објектите се во Скопје.

Иако „Пакомак“ почна многу скромно, денес  може да се пофали дека ја подига еколошката свест кај граѓаните на повисоко ниво, а преку селективното фрлање отпад во угостителството, објектите кои ја имаат ознаката „еко-кафе“ го даваат својот придонес кон општествено одговорно однесување и зачувување на животната средина.

  • Не е лесно, но за краток период може да станеме земја која одговорно ќе се грижи за отпадот кој се генерира. Ние знаеме како тоа треба да се направи, но како компанија не може сами да го понесеме тој товар. Важна улога тука има и државата, вели Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Кај населението во последните години се поактуелни теми се загадениот воздух, почвата, посебно во Скопје.

Планот е сите објекти, ресторани и кафулиња да бидат вклучени во активноста на „Пакомак“, со цел да се собира сето стакло кое се генерира.

Тагови

Поврзани вести