Медицина
Нов лек против коронавирус
Експериментален лек на компанијата АстраЗенека, коктел на антитела против коронавирус, успешно спречува тешки форми на инфекции и смртен исход кај хоспитализирани пациенти.

Ова го покажале резултатите од студијата во завршната фаза, соопшти компанијата.
Лекот наречен AZD7442, го намалува ризикот од развивање на тешки форми на инфекција и смртен исход кај 50 проценти од пациентите со симптоми на Ковид-19 на седум дена или помалку, пренесува Ројтерс.
-Рана интервенција на антитела може значајно да го намали прогресот на тешки форми со континуирана заштита подолга од шест месеци, потврди Мене Пандалос, извршен потпретседател на биофармацеутика, истражување и развој во компанијата.
Единствена нејаснотија е само како може ефикасност на лек да се мери во проценти и период на траење, без анализа за последиците од лекот како и можните причини зашто лекот не би делувал каи сите подеднакво.