Патувања

Најдобри спа дестинации во Европа!

Ако имате потреба од одмор и релаксација, тогаш потребен ви е спа центар или бања каде што ќе можете да ги наполните батериите и неколку дена да уживате во чисто блаженство. Унгарија е позната по тоа дека има многу спа центри, но ние сега ќе ви претставиме и други, различни примамливи европски дестинации каде што можете да се релаксирате и да се чувствувате како сосема нови по посета на една од овие врвни бањски дестинации во Европа.

Италија

Во Aman Venice, поранешна палата која датира од 16 век, можете да уживате во традиционалните азиски терапии со растителни производи или можете да се препуштите на релаксирачки третмани во Montecatini Terme, шик спа рекреација позната по своите термални бањи со кал, балнеотерапија и хидропонични третмани.

Португалија

За совршено спа уживање упатете се кон Six Senses Douro Valley. Сместен е во манастирска куќа од 19 век со поглед на долината Douro, има 10 соби за третмани и маникир во комбинација со локални вина и воздушна јога.

 Исланд

ION Luxury Adventure Hotel спаѓа во посебна категорија со својата шик спа изградена од лава карпи, која е специјализирана за чистење на телото, додека за масажи и отворени геотермални топли кади, можете да најдете во хотелот Ranga.

Шкотска

Stobo Castle е импресивна спа дестинација и одлична локација за друштва кои ќе уживаат во добра релаксирачка атмосфера уживајќи во топлите води и третмани под отворено небо.

Франција

Во хотелот Shangri-La во Париз ќе наидете на совршените третмани во простории осветлени со свеќи, каде што можете да уживате и да се релаксирате. Хотелот е совршено дизајниран, на одлична локација и незаборавен поглед на Париз.

Тагови

Поврзани вести