Вести
Над стотина мртви во невремето во Јапонија
Најмалку 100 лица загинаа поради невремето и обилните врнежи кои деновиве го зафатија западниот дел на Јапонија, соопштија тамошните власти.
Портпаролот на јапонската влада, Јошида Суга, рече дека меѓу настраданите има и 13 кои доживеале инфаркт.
Обилните дождови предизвикаа порои, лизгање на земјиштето и поплави, а многу жители останаа блокирани пред да можат да ги послушаат наредбите за евакуација од локалните власти.
Патиштата во некои области се блокирани и е издадено предупредување за лизгање на земјиштето. Воени камиони се испраќаат во некои делови од Јапонија каде што канализацискиот систем не функционира.
Иако Јапонија е една од најмодерните земји во Азија, руралните области секоја година се соочуваат со поројни дождови, кои зад себе оставаат жртви и материјална штета.