Живот
Моментот кога ајкула ќе скокне од вода и ќе нападне научник
Океанологот Грег Скомал за малку ќе станеше плен на голема бела ајкула додека со колегите работел на редовна контрола во водите на Масачусетс. Тој бил опремен со GoPro камера со цел да направи подводна снимка, но целата работа тргнала во погрешен правец.
Чамецот во кој се наоѓал научникот бил во движење и никој не се сомневал дека Скомал бил во опасност сè до моментот кога големата бела ајкула долга скоро пет метри не го изненадила со скок од водата.
Вакви средби се доста чести во водите на Масачусетс, но нападите од овој вид се многу ретки.
„Големите бели јакули се диви и непредвидливи суштества, а ова е добар потсетник дека мораме секогаш да бидеме свесни за опасноста кога се наоѓаме во вода“, стои во објаснувањето на видеото објавено од Atlantic White Shark Conservancy.