Македонија
Потрошени милион евра за 14 километри велосипедски патеки во Скопје
Градот Скопје потроши околу еден милион евра за изградба и реконструкција на велосипедски патеки. Изградени се над 14 километри вакви патеки за да се намали бројот на автомобили кои сообраќаат. Како најпроблематичен дел за изградба на вакви патеки е улицата Цветан Димов во Чаир, потоа дел од Кисела Вода и дел од улицата Рузвелтова, бидејќи улиците се многу тесни или немаат тротоари.
„Изградени се и реконструирани 14,6 километри велосипедски и пешачки патеки во вредност од 56,5 милиони денари. За прв пат се изградија велосипедски патеки на градските улици во општините Кисела Вода, Чаир, Бутел и Ѓорче Петров. Скопје требаше да биде град на велосипеди од 2015 година, но до 2017 година беа изградени 60% од планираните велосипедски патеки. За една година успеавме да изградиме 20% од овие патеки и достигнавме 80% добра мрежа за поврзување на сите улици“, рече Валон Салиху, портпарол на Град Скопје.