Свет

Кина повторно го легализира убивањето тигри и носорози

Кинеската влада повторно ја легализира употребата на делови од тела од загрозени видови животни во медицински цели , а меѓу нив и на тигри и носорози.

о ваквата директива се побива законската забрана воведена во 1993 година со што се регулира меѓународната трговија со рогови од носорози и коски од тигар.

Овие делови се користат во традиционалната кинеска медицина и се сметаат за чудотврни лекови , кои се многу скапи. Во соопштението на владатас е наведува дека овие делови од телата на животните може да се користат исклучиво во медицински цели , но само доколку животните биле одгледувани на фарми. На оваа измена на законот остро реагираа друштватаз а заштита на животните од целиот свет .

Тие наведуваат дека не може да се уништуваат и да се поттикнува нелегалната трговија со животни кои се пред истребување.

Тагови

Поврзани вести