Македонија

Како изгледа првиот македонски електричен автомобил?

Вчера успеавме да ви го најавиме првиот електричен автомобил од Македонија, а денеска ќе имаме можност да ви ги претставиме и првите фотографии од него. Станува зброр за ЗАС Г20 автомобилот кој беше направен од „ББ Класик Карс“, со финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој и со поддршка на повеќе специјализирани фирми и занаетчии.

Од тимот на „ББ Класик Карс“ изјавија дека ова возило има досег до 150 км со едно полнење и максимална брзина до 130 км/ч. Шасијата и некои делови од опремата се превземени од легендарното Фиќо.

Тагови

Поврзани вести