Македонија

Какво време не очекува за овој викенд?

За време на викендот кој ни доаѓа, нашата територија ќе биде под влијание на северно воздушно струење и на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе предизвика нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер особено од пладневните часови, објави метеорологот Славчо Попоски.

Локално се можни и нешто поинтензивни атмосферски процеси проследени со услови за појава на град, поинтензивен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.

Поради продорот од север, температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање особено во недела, кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

Тагови

Поврзани вести