Живот

Какви последици по здравјето има поместувањето на часовниците во зимско сметање на времето?

Зимското сметање на времето започна синоќа, а ќе трае до последниот викенд во март наредната година. Научниците тврдат дека нашите тела едвај го дочекаа ова поместување, бидејќи овој вид на сметање на времето е природно за телото, за разлика од поместувањето на часовниците во март, кога е поглем ризикот од инфаркт и шлог.

Летното сметање на времето не чини продуктивност и здравје. Го одлага времето за спиење, а по лето и онака природно тежнееме подолго време да останеме будни, поради што телото наутро страда – вели експертот за сон, Катарина Ледерле.

Од друга страна, вели таа, зимското сметање на времето е целосно ускладено со човечкото тело.

Човечкото тело има на илјадници мали часовнци и секој има свој ритам. Сепак главниот часовник е во мозокот и тој ги ускладува сите останати. Тој го одредува ритамот по кој сите останати органи работат. Тој главен часовник е најсреќен по зима, бидејќи тогаш е природниот ритам на животот, малку подолг од 24 часа, поради што телото не мора да брза да ги изврши сите функции. Потемните и подогли ноќи значат дека телото ќе пушти повеќе мелатонин и тоа порано во текот на вечерта, па ќе имаме подолг и поквалитетен сон.

Летните часовници потполно ги побркуваат сите функции и на главниот часовник му е тешко да ги држи под контрола, а кога не се под контрола, доаѓа до здравствени проблеми. Да речеме, телесниот часовник му одредува на желудникот кога е време да престане со работа, Ако тогаш нагло и доцна се прејадеме, телото не е подготвено за тоа. Ако тоа се повторува, доаѓа до дијабетес, срцеви болести или мозочен удар.

Како да се поправи телесниот часовник?

Станувајте секогаш во исто време и секогаш одете на спиење во исто време. Така телото ќе знае кога треба да почне да отпушта кортизол наутро и мелатонин навечер – советува Катерина Ледерле.

Тагови

Поврзани вести