Свет
Италија ја престигнува Турција во набавка на гас од „Гаспром“
И покрај падот на увозот, Германија останува на прво место

Италија минатата година стана втор најголем купувач на природен гас на „Гаспром“, победувајќи ја Турција, пренесува „Блумберг“.
Германија останува најголемиот странски купувач на гас „Гаспром“. Сепак, руската енергетска компанија известува дека извозот на таа енергија во Германија е намален за девет проценти од минатата година.
Инаку, извозот на руски гас во Западна Европа падна за 9,3 проценти во 2019 година на 147,4 милијарди кубни метри.