Македонија
Информативен центар за посетители на природниот споменик Куклица
Во рамки на проектот за заштита и промоција на природниот споменик Куклица, отворен е Информативниот центар за посетители кој денеска ќе го посетат евроамбасадорот Самуел Жбогар, постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Нарине Сакахјан и градоначалникот на Кратово Љупчо Бојаџиев. Центарот е изграден со проектен грант од 65.000 евра кој Европската Унија ѝ го додели на граѓанската организација „Извор“. Таа беше меѓу 17-те организации кои добија грантови во рамките на програмата финансирана од ЕУ за подобро одржливо користење на природните извори и управување со заштитени зони во Македонија.
Проектот го спроведува УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Информативниот центар Куклица се очекува да го зголеми бројот на посетители, да го подобри квалитетот на информации што тие ќе ги добиваат, како и да привлече повеќе инвестиции за заштита на Куклица.