Забава

Зелени површини во домот и работниот простор!

Да се работи осум часа дневно во простории под вештачко осветлување не е пријатно, а да не споменуваме дека денес е луксуз да се има канцеларија со прозорци со поглед кон парк. Работните бироа, компјутери, документи, недоволното природно светло, не се баш пријатно место за работа, кои делуваат стимулативно на продуктивност и среќата на вработените.

Но денес, благодарение на технологијата многу лесно можете вашиот дом или канцеларија да ги трансформирате. Последниве години архитектите и дизајнерите на ентериери, покрај на правилниот распоред на мебелот, на природното осветлување се почесто предлагаат зелени површини кои ја разбиваат монотонијата, визуално внесуваат свежина и нова енергија во просторот. Веќе е се поголем бројот на компании и институции во Македонија кои ги имаат поставено во своите објекти. Така на пример во станбениот комплекс Адора Diamond Garden е поставена најголемата вертикална градина во југоисточна европа, тука се и репрезентативните декорации во Халк банка, Стопанска банка Битола и многу други.

Вертикалните градини или зелени површини направени од природни стабилизирани растенија, што подразбира аплициран мов, бршлени, листови, папрат и цвеќиња на дрвени панели, можат да се постават на било кое место во просторот. Станува збор за декоративни растенија (100% природни, но не живи) кои се долготрајни, кои не бараат одржување, нахранување, наводнување ниту пак светлина. Иновативен и единствен производ од својот вид, во форма на вертикални градини, врамени дизајни, топки, бонсаи дрва и растенија, кои го одземаат здивот. Природни растенија третирани со биоразградлива формула, кои што овозможуваат зеленило онаму каде што малиот простор или пак условите не овозможуваат градина и зеленило.

Треба само да се внимава да не се изложуваат на сончева светлина, ниту пак да се инсталираат над радијатори, ниту пак под клима уреди.

 

Тагови

Поврзани вести