Свет

ЖИЗЕЛ: ЗА 40-ТИОТ РОДЕНДЕН, 40 ИЛЈАДИ ДРВЈА ЗА ПЛАНЕТАТА

Бразилската манекенка Жизел Бундхен реши да и се заблагодари на „мајката природа“ на свој начин за сè што и ’даде, а на својот 40-ти роденден ќе засади дури 40.000 дрвја.

Светски познатиот модел, но и амбасадорот на добра волја на ООН за програмата за животна средина, реши да засади дури 40.000 дрвја со помош на семејството и пријателите, и на тој начин да придонесе за обновување на природата.

– Едноставно не можам да верувам дека имам 40 години. Со овој роденден, отворам ново поглавје во мојот живот. Затоа, решив да го направам овој потег и да го прославам јубилејот на вистински начин, изјави манекенката на нејзиниот профил на Инстаграм.

Како што е прикажано на фотографиите, нејзините деца учествуваат во садењето, како и нејзиниот сопруг, инаку познатата НФЛ ѕвезда, Том Брејди.

Жизел се решаваше за слични иницијативи во претходните години, така што садењето дрвја не е непознато за неа.

Тагови

Поврзани вести