Македонија

Еко-акција на Водно

Триесетина граѓани денеска собираа отпад расфрлан по планинарските патеки на Водно.

„Без никаква реклама успеавме во нашиот подвиг. А тој се состоеше во тоа да освестиме барем еден поединец. Тој поединец беше госпоѓа со ракавици и кеса во ранецот и која за прв пат се качи на врвот на Водно пешки по стазите планинарски. Дојде за да ни помогне. Пораката е голема. Голема благодарност до сите учесници на денешната еколошка акција која ја спроведовме на планината Водно“, напишаа на Фејсбук од планинарската асоцијација „I love hiking Macedonia“, кои беа организатори на еко-акцијата.

Отпадот се собираше од патеките Олимписка, Новогодишна и патеката асфалтирана покрај сите летниковци.

„Собравме број кеси за кои „Паркови и зеленила“ ќе ги дистрибуираат, понатаму. Знаеме дека не е многу, но е еден почеток на кој ќе нема крај“, велат од „I love hiking Macedonia“.

Тагови

Поврзани вести