Македонија
Екологистите реагираат: Унаказени дрвцата на автопатот Неготино-Стоби
Граѓани и екологисти реагираат за несоодветно кастрење на дрвцата помеѓу двете ленти на автопатот од Неготино до Стоби.
– Дрвцата се кастрени за да нема навлегување на гранките во автопатот, но тоа не е направено најстручно и планско, туку паушално. Сето тоа е направено многу грубо, без запазување на естетика на дрворедот. Ние реагираме на секоја несовесна сеча на дрвца независно дали тие се во град, шума, парк или автопат – вели Роберто Паризов, претседател на друштвото „Еко – живот“
Од ЈП за државни патишта наведуваат дека на тој потег морало да се интервенира со кастрење на гранките од дрвцата кои навлегувале во автопатските ленти и правеле проблеми на возачите, ја намалувале видливоста и ја загрозувале безбедноста во сообраќајот. Тоа им е и законска обврска.
– Кастрење мораше да има, за да нема сообраќајки и човечки жртви. Како претпријатие во иднина ќе настојуваме да се применува друг систем за кастрење, кој освен на безбедносниот ќе обрне внимание и на визуелниот ефект – децидни се од ЈП за државни патишта.