Македонија

Драстично намалени Вардар кај Јегуновце и Сатеска кај Ботун

Речиси четири пати пониски од просекот за октомври се нивоата на реките Вардар кај Јегуновце и на Сатеска кај Ботун, додека Вардар кај Зајчев Рид и Црн Дрим кај Ложани се преполовени, покажуваат денешните хидролошки мерења на УХМР.

Пониски од октомврискиот просек се и нивоата на Вардар кај Демир Капија, Треска кај Македонски Брод и Крива Река кај Крива Паланка, додека покачувања бележат Црна кај Новаци и Брегалница кај Берово.

Тагови

Поврзани вести