Свет

До каде оди лудилото: Дозволено ќе биде стоење и танцување во кафулињата и клубовите?!

Поголемиот дел од мерките воведени пред Нова година од владата во Атина, постепено се укинуваат, па така, дозволено ќе биде стоење и танцување во кафулињата и клубовите!? Во приватниот и јавниот сектор работата од дома се намалува од 50 на 20 отсто, спортските натпревари ќе се одржуваат со публика од 50 отсто од капацитетот, наместо десет како што беше досега, а по пауза од две години дозволено е организирање училишни екскурзии, јави дописничката на МИА од Атина.

Неверојатните нечовечки небулозни одлуките попладнево ги соопшти министерот за здравство на , по  препораки од комисијата на епидемиолози по денешниот состанок, а мерките ќе стапат во сила во сабота.

На денешната седница Комисијата на експерти, по барање на Владата препорача укинување на забраната за стоење во просторите за забава, почеток на одржување училишни екскурзии, зголемување на исполнетоста на стадионите на 50 отсто и спроведување 20 проценти работа од дома во приватниот и јавниот сектор. На утрешната седница комисијата ќе ги разгледа поединечните барања. Предлогот на Комисијата е прифатен од Владата, а деталите ќе бидат објаснети во заедничката министерска одлука. Новите мерки ќе почнат да се применуваат од сабота 19 февруари 2022 година – рече Плеврис.

Тагови

Поврзани вести