Клима

Денес во 12:07 часот започнува летото

„Според денешните најнови направени анализи нема да се поклопуваат со оние ко ги направивме пред околу еден месец поради тоа што истите претрпеа значителни промени, а тоа значи дека лето 2018 ќе биде нешто поврнежливо и посвежо за разлика од изминатото лето 2017 кога имавме екстремно топлотни бранови кој навистина трае многу долго. Температурите на воздухот иако ќе бидат во границите на просекот сепак повремено може да очекуваме и под просечни температури на воздухот и свежо време за летниот период но и повеќе врнежи од дожд како и услови за локално невреме кое би можело да услови локални поројни поплави и врнежи од град како и силен ветер“- вели метеорологот Славчо Попоски.

Објаснува дека и покрај ова не значи дека не треба да очекуваме барем неколку поизразени топлотни бранови и посуви периоди со многу високи температури на воздухот типични за тој дел од годината.

Тагови

Поврзани вести