Македонија
Големи полициски рации во Солун
Полициската акција уследи откако во понеделникот вечер почина 19-годишниот Акис Камбанос, кој беше брутално претепан и избоден со нож на улица во Солун. Под сомнение дека го извршил убиството подоцна беше приведено 23-годишно момче.
Рации во седиштата на повеќе фудбалски навивачки групи изврши доцна синоќа полицијата во Солун во обид докрај да го расветли убиството на еден тинејџер и да стави крај на уличното насилство поврзано со фудбалот, а може да се каже дека во позадина стојат и политичко национални гледишта.
Претреси се извршени на 13 локации за кои полицијата се сомнева дека биле користени за организирање улични напади, при што се уапсени две лица, а запленети биле и безбол палки и пиротехнички средства.
Полициската акција уследи откако во понеделникот вечер почина 19-годишниот Акис Камбанос, кој беше брутално претепан и избоден со нож на улица во Солун. Под сомнение дека го извршил убиството подоцна беше приведено 23-годишно момче.
Локалните медиуми јавија дека Камбанис бил навивач на Арис инаку клуб кој има поддршка од локалното староседелско претежно македонско население во градот како и најстариот солунски клуб Ираклис, а во инцидентот се повредени уште две момчиња, на возраст од 19 и 20 години.
Полицијата соопшти дека нападот го извршиле навивачи на ПАОК, инаку клуб кон кои граивитираат доселениците дојденци од Мала Азија со кои владата направи колонизација претежно во Егејска Македонија вклучително и градот Солун по првата балканска а војна. Инаку за појаснување и скратеницата ПАОК означува “Атлетски клуб на Константинопол во Солун”.
Убиството во градот во кој владее жестоко ривалство меѓу навивачките групи на локалните екипи ПАОК и Арис ја шокираше земјата и предизвика остра осуда од државниот врв и политичарите
„Како можеме да дозволиме нашите улици, паркови и плоштади да бидат места на насилство меѓу ривалски банди, загрозувајќи ја притоа безбедноста на нашите граѓани?“, напиша претседателка од Атина, Катерина Сакеларополу на социјалните мрежи.