Живот

Видео: Нови видови на ајкули кои одат по дното!?

Новите видови на ајкули се откриени во Индоавстралискиот архипелаг, научниците  велат дека тие се хранат со мали риби и безрбетници.

Според доктор Кристин Даџон ајкулите се предатори и ги користат своите перки за да одат по морското дно.

-Ајкулите се помали од еден метар и не се опасни за луѓето, изјавила Даџон.

Научниците се воодушевени од откривањето на нови видови ајкули и истакнуваат дека тоа се должи на 12 годишна студија  спроведена од компаниите „CSIRO“ , „Conservation International“, Научниот институт во Индонезија , Министерството за поморство на Индонезија и Музејот за природна историја на Флорида.

-Генетските податоци покажуваат дека новиот вид на ајкула се развил откако ајкулите се оттргнале од својата првобитна популација, станале генетски изолирани во нови реони и се развила во нов вид. Нивните перки им обезбедуваат голема предност во однос на нивниот плен малите ракчиња и мекотели, наведува доктор Даџон.

Тагови

Поврзани вести